УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОРТАЛОТ
Порталот може да
се прегледува со стандардните прегледувачи.
За пристап кон
содржините на порталот постојат две менија, хоризонтално и вертикално.
Вертикалното мени
ви овозможува да ги користите материјалите за основно и средно образование кои
се поделени по дисциплини: општа хемија, органска хемија и биохемија,
систематизирани и изложени во поглавија.

Освен основните
содржини предвидени со наставната програма низ материјалот се среќаваат
анимации, слики, експерименти, 3D модели на молекули во Jmol,
сé со цел да се разјаснат
основните концепти опишани во текстот.
Истотака користејќи го вертикалното мени може
да го тестирате своето знаење со решавање на бројните тестови, задачи и интерактивни вежби што ви стојат
на располагање.
Хоризонталното мени ви овозможува пристап до периоден
систем; речник; корисни линкови и различни додатоци со цел да го збогатите и
проширите своето знаење од областа на хемијата.
![]()
Материјалите
поставени на порталот не претставуваат замена за учебниците по хемија туку само
едно надополнување кое ќе ви овозможи полесно да ги совладате основите на
хемијата.
Упатство за
користење на Jmol
Како се користи
глувчето при прегледување на структурата на молекулите:
-
Левото и десното копче на глувчето ја контролираат
молекулата на екранот.
-
За да ја ротирате молекулата , држете го левото копче на
глувчето и движете го глувчето.
-
За да ја зголемите или намалите молекулата на екранот,
движете го тркалцето на глувчето нагоре и надолу или
доколку вашето глувче нема тркалце, држете го притиснато копчето SHIFT на
тастатурата и левото копче на глувчето и движете го глувчето нагоре или надолу.
-
Со притискање на десното копче од глувчето, добивате мени
во кое стојат на располагање повеќе опции
за различен приказ на молекулата.

Како се определуваат основните структурни карактеристики на молекулата:
-
Определување на растојание помеѓу 2 атома
1.
Двоен клик на
првиот атом
2.
Двоен клик на
вториот атом
-
Определување на агол помеѓу 3 атоми
1.
Двоен клик на првиот атом
2.
Еден клик на средниот атом ( центарот на аголот)
3.
Двоен клик на третиот атом
Доколку
барате повеќе информации за Jmol
, посетете ги овие страници:
За
прегледување на експериментите потребен е инсталиран DivX кодек, кој што можете да
го превземете од следните страници: